Премиерот Мицкоски, во своето последно јавно обраќање, повторно се впушти во опасната реторика на поделба и дискриминација, овојпат насочена кон Албанците.
Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМЕ.
Од ВЛЕН денеска порачаа дека се пообединети од кога било и дека излегувањето на Арбен Таравари било обид на ДУИ да внесе раздор во коалицијата и таа да се растури.
Лидерот на едно крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, порача дека неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари, не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт поради неговите сомнителни политички движења.