Така да, во услови кога не се зголеми минималната плата, предлагаме да се намали работното време.“ Мециновиќ подвлече дека предложеното намалување на работното време не е експеримент, туку мерка заснована на конкретни анализи и глобални искуства: „Исланд, Велика Британија, Шведска, Јапонија, Германија, Франција и многу други држави веќе имаат воведено помало работно време или експериментираат со модели за помало работно време.