СЕ ГРАДАТ 7 УЧИЛИШТА, 4 СПОРСКИ САЛИ И 2 СТУДЕНТСКИ ДОМА Инвестиции од 2 милијарди денари во образованието Очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и Факултетот за физикакултура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, но и почетокот на изградбата на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Во образовната инфраструктура има инвестиции од околу две милијарди денари, кои опфаќаат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали, студентски домови,…, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Битола во врска со она што Владата го прави за подобрување на инфраструктурата во образованието.