Со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историска рана, велат од коалицијата Влен, додавајќи дека со закон ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години. Opserver
„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. Lokalno
Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон!
Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Tocka
Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста.
Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. A1on
Албанците не се повеќе декор во оваа држава, тие се нејзино јадро – порачаа од Вреди.
Партијата истакна дека законот се носи врз основа на Амандманот „VI“ од Уставот и оти ќе биде обврзувачки за сите институции, кои ќе мора да обезбедат фер застапеност со почитување на компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Plusinfo
Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката.
Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од „Влен“. 24info