Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
61
74.11
45.66
11.34/7.57
61.00
29.23
0.48
5971.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 61
92 ■ 0.99/0.01 ■ 7 ■ 1867.8
Best clustering variants
92 0.99/0.01 7 1867.8
20:15 h 24-Jun-2025
  • Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка.
  • ◉ Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка
07:43 h
  • Денес Европскиот парламент во Комитетот за надворешни работи го усвои извештајот за напредокот на Македонија.
  • Вајц: Усвоен е првиот извештај за напредок на Македонија во ЕП
09:10 h 23-Jun-2025
  • Утре во Европскиот парламент ќе се гласа за извештајот за напредокот на Македонија, кој го подготви европратеникот Томас Вајц.
  • Очекувања за јасна поддршка на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент
07:17 h
  • Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.
  • Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
Puls24

На прашањето на дали сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе промените од преговарачката рамка и да стане членка на ЕУ, Вајц одговорил дека не знае, но она што го знае е дека мнознството во ЕП сака да ја поддржи земјата и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој.– Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, изјави тој.

На прашањето дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговорил дека ја работи својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно.– Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите… И токму тоа го направив во овој извештај, додаде тој. Puls24

Alsat

ФОТО: euproject.xyzЧленовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, документот беше на дневен ред за усвојување на седницата на АФЕТ на 4 овој месец, но гласањето по него беше одложено за денеска на предлог на Вајц, кој е известувач на ЕП за земјава, со цел, како што образложи, да им даде можност на неговите колеги европратеници, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) „да ги ажурираат своите регистри на лобисти“.– Знам дека понекогаш сме малку преоптоварени со работа во нашите канцеларии и сакам да ви дадам можност да ги ажурирате вашата регистри на лобисти и да се навратиме на ова гласање на 24 јуни, додаде Вајц. Alsat

Racin

Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, истакна Мицкоски, додавајќи дека тој би бил најсреќниот човек доколку извештајот биде усвоен на денешната седница на АФЕТ.

Инаку, во извештајот на Вајц се потенцира потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се забележува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. – Европскиот парламент повикува на брз напредок во преговорите за пристапување, истовремено истакнувајќи ја важноста на усвојувањето на неспроведените уставни амандмани; ги охрабрува сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус за овие амандмани, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало нејзиниот напредок кон членство во ЕУ, се потенцира во Предлог-извештајот на Вајц. Racin

Racin

Во документот, меѓу останатото, се наведува дека демократските институции во земјата функционираат „задоволително“, но оти политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи и се повикува на интензивирање на напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и подобрувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите.

Предлог-извештајот е пропратен со Објаснувачка изјава на Вајц во која тој наведува дека годините на неуспеси и неисполнети ветувања разбирливо доведоа до фрустрација, разочарување и континуиран пад на јавната поддршка за интеграцијата на земјата во ЕУ, меѓутоа во овие времиња на големи промени во меѓународниот светски поредок, постои обновено чувство на итност и важна можност за унапредување на процесот на проширување на Унијата. Racin

Faktor

Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија државата - порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека откако ја добил информацијата за таквите настојувања на на бугарските европратеници во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат обидот за нов удар врз македонскиот идентитет и јазик.-Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ. За жал, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи. Faktor