Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, имајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава, се вели во реакцијата од МП. Според Министерството, во текот на работата, изминатите месеци биле разгледани бројни коментари од политичките партии, вклучувајќи ги и тие на СДСМ – иако биле доставени крајно задоцнето – како и коментари од заинтересирани граѓани и бројни правни експерти.