Од партијата додаваат дека токму за оваа година предложиле амандман за пренамена на средства од буџетот за расчистување на дивите депонии, но дека „предлогот бил арогантно и без аргументи одбиен од мнозинството на ДПМНЕ во Советот.“Дополнително, Левица го осуди и тоа што, во моментите кога жителите на Ѓорче Петров се справувале со чад, пожар и опасност по здравјето, „Стојкоски и локалниот штаб на ДПМНЕ организирале партиска трибина за здравствени реформи – како ништо да не се случува пред нивните очи.“Во заклучок, Левица порача дека трагедијата е „брутална потврда за целосната нефункционалност и незаинтересираност на локалната власт на ДПМНЕ да се справи со најгорливите проблеми на жителите и да обезбеди барем основна безбедност и нормални услови за живот во Ѓорче Петров.“Од Општина Ѓорче Петров засега нема официјална реакција на ваквите обвинувања. Antropol