Прашањето е дали во тој период нема да имаме реформи, нема да ги направиме уставните промени за кои сите викаме – нема проблем да се внесат Бугарите во Уставот, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, па потоа да се отворат поглавјата, да почне вистинската реформа на правниот систем, да се донесат реформските закони во енергетиката, европските коридори,…, да ги добиеме европските фондови или ќе чекаме и ќе викаме „аха, Бугарите не не признаваат, имаме ризик по јазикот, по идентитетот“ и ништо нема да направиме, рече Филипче, додавајќи дека некогаш вистинскиот пат бара црвсти и храбри одлуки по цена на политичкиот рејтинг.