Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција најави конкретна мерка за поддршка на студентите – ваучери во вредност од 250 евра (15.300 денари) за набавка на персонален компјутер, лаптоп или таблет.
„Секој редовен или вонреден студент на додипломски студии, запишан на државен или приватен факултет и до 29 години возраст, ќе добие техничко помагало кое ќе му помогне во следење на наставата и академскиот развој“, изјави Попов. Press24
Ваучер од 15.300 денари (250 евра) за купување таблет или компјутер ќе може да добие секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или на приватен факултет, на возраст до 29 години.
Со предлог законот се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп, пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата. Plusinfo
Ова на денешната прес-конференција го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, од која текстот го пренесуваме интегрално: Станува збор за предлог закон со кој се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп – пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата.
Оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни решенија, а не на празни флоскули. Denesen