Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.
Македонија и Обединетото Кралство ја интензивираат соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, со посебен акцент на сојузништвото во НАТО.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во повеќедневна посета на Лондон, денеска ќе има средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.