Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.
Како што соопшти денеска Министерството за финансии, станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука. A1on