Опозицискиот социјалдемократски сојуз (СДСМ) бара итно поништување на спорниот оглас за вработување во Македонската навигација (М-НАВ), обвинувајќи ја владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека врши партизација на институцијата што се грижи за безбедноста на авиосообраќајот.
На огласот за вработување во Македонската навигација (М-НАВ), по најавата на контролорите на летање дека на 10 јули ќе штрајкуваат, и потоа ставањето на процесот во мирување, се избрани лица блиски до владејачката партија, меѓу кои сопружник на актуелна функционерка, како и еден од првите луѓе во раководството на организација во рамките на партијата на власт, порталот „Сакамдакажам (СДК). Така, според „СДК.мк“, на огласот за вработување во М-НАВ се избрани Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад во Собранието на 27 април 2017 година; Атанас Стамнов, сопруг на директорката на Централниот регистар на Македонија; и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Ѓорѓиев.