Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во посета на Обединетото Кралство, имаше средба со Македонците во Литлхамптон, во црковниот храм „Свети Ѓорѓи“.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство, Дејвид Лами потпишаа Декларација за стратешко партнерство.