Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски, на денешната промоција на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 мм, „Боран“ и друга придружна опрема во прилепската касарна „Мирче Ацев“. Nezavisen
Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани во текот на 2026 година.
Со вториот договор, обезбедена е набавка на опрема за хаубиците – системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизноста на делувањето на нашите единици. Kanal5
Ова е порака дека државата станува сила што застанува на свои нозе, рече Мицкоски.
Во рамки на првиот договор, додаде тој, се набавени и веќе испорачани шест хаубици – моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата Армија. Press24
Владата издвојува над 30% од буџетот за модернизација на армијата и со вакви проекти се повеќе армијата се приближува до НАТО стандардите.
Оваа нова опрема која што е дел од вооружувањето на артилерискиот батаљон, артилериска батерија со 6 хаубици „Боран“, влијае на сериозно зголемување на борбената готовност на армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Република Македонија. Denesen
Министерството за одбрана соопшти дека оваа аквизиција е дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата, овозможена од страна на сојузничка Турција.
На настанот, обраќање ќе имаат премиерот Мицкоски, министерот Мисајловски, началникот на ГШ, генералот Лафчиски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. Denesen
Без безбедност, нема стабилен развој.
Без силна одбрана, нема трајна стабилност. Nezavisen
Македонија која се грижи за своите војници, која ја почитува својата Армија и која знае дека силна Армија значи сигурен народ.
На сите припадници на Армијата – ви честитам. Press24