Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска оцени дека кривичната пријава поднесена од СВР Куманово против него и двајца вработени во општината е правно неоснован и политички мотивиран напад, оркестриран од, како што рече, оние кои се во паника пред претстојните локални избори.