Мицкоски укажа дека на овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг.
Ги вративте општините на вистинскиот пат, патот на промените, инвестициите, на градењето паркови, улици, градинки, училишта.
Одговорно и посветено, работливо, без ветување на чуда, но со многу ентузијазам за градење на подобра општина и обезбедување на подобра иднина, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на отворањето на самит на градоначалници „Четири години работа за тебе”. А1он