Директорот на ЦУК, Мухамед Али е на лице место кај хотелот New Star во Визбегово, Општина Шуто Оризари, каде ја увидува состојбата на терен заедно во координација со надлежните служби за справување со пожарот на ѓубриште на дива депонија, кој неколку пати повторно се активира по неговото гаснење, информираат од ЦУК.
Фото: ЦУК / Илустрација Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат.
Пожарот што избувна на 28 јуни во близина на скопската населба Шуто Оризари – Визбегово и хотелот „Њу Стар“, денеска повторно се активираше, предизвикувајќи сериозна загриженост кај локалното население и институциите.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и Општина Шуто Оризари откако на 28 јуни двапати интервенирала Противпожарната бригада на запалена дива депонија во близина на хотелот „Њу Стар“ во Визбегово.