Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
12
464.42
43.95
0.03/2.91
12.00
8.93
0.74
1320.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 12
15 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 592.6
Best clustering variants
15 0.99/0.01 2 592.6
Plusinfo

Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Германија, Италија и Холандија.

Просторијата е прва од ваков вид во рамките на јавното обвинителство во државава, прилагодена според највисоките европски и меѓународни стандарди чија цел е создавање безбедна и поддржувачка средина за жртвите на трговија со луѓе, особено децата, соопштија од Обвинителството. Plusinfo

  • Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска беше свечено отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе, прилагодена според највисоките европски и меѓународни стандарди.
Libertas

Во таа насока Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, заблагодарувајќи се за донацијата од името на Јавното обвинителство изјави: „Оваа просторија е одраз на нашите заложби да го трансформираме обвинителството од студена институција во модерна европска организација, која ги става правата на најранливите во фокусот на своето работење.“ Тој го посочи и недостатокот на буџетската поддршка за вакви иницијативи, при што посебно ја нагласи улогата на донаторите: „Со оваа иницијатива, едно студено катче стана простор кој зрачи со топлина и доверба.

Тоа е нашата визија за обвинителството – институција со лице, со емпатија и со човечност.“ Проектот „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“ започна со цел да ги зајакне капацитетите на институциите за идентификување и заштита на жртвите, со посебен акцент на децата и другите ранливи категории. Libertas