Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска, 2 јули, беше отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе.
📷 ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОБИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРОСТОРИЈА Во неа ќе се сослушуваат деца жртви на трговија со луѓе Нека оваа просторија биде почеток на нови стандарди – стандарди кои ќе го почитуваат човекот, ќе го штитат детето и ќе ѝ дадат лице на правдата која зрачи со доверба, изјави Основниот јавен обвинител Ислам Абази велејќи дека просторијата ќе биде алатка од суштинско значење.