Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје - Скопје, информираше попладнево Кривичниот суд.
Одлуката следува по жалбата од Обвинителството за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл, за кој Основното јавно обвинителство Скопје на 4 јули отвори истражна постапка, а го сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Sitel
Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. A1on
Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Vecer
Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека.
При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Vecer