И Тимчо Муцунски, кој беше градоначалник на Општина Аеродром две години и осум месеци, како и неговиот наследник на таа функција, Дејан Митески, не го остварија предизборното ветување за изградба на барем еден од ветените два кружни тека кои би го намалиле сообраќајниот хаос во оваа општина, на помалку од 6 месеци пред одржувањето на локалните избори во нивниот редовен термин во октомври 2025 година Во предизборната програма за локалните избори за градоначалници на општини што се одржаа на 17 октомври 2021 година, кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Тимчо Муцунски, меѓу другите ветувања од програмската платформа „Гарантираме – Создади нова иднина“ во делот „Топ 7 приоритети за нашиот Аеродром““, на жителите им гарантираше решавање на сообраќајниот хаос во општината (и) преку изградба на кружни текови: Ветување: Секое работно утро и секое попладне, Аеродром е во сообраќаен хаос. Racin