Секој 26 јули стоиме заедно, со мисли и срца полни со почит и незаборав кон оние кои ги загубивме во катастрофалниот земјотрес што го погоди нашиот главен град пред точно 62 години, објави на Фејсбук градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори.
Ѓорѓиевски, кој денеска полагаше свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на Градските гробишта Бутел, истакна дека овој споменик не само што го чува споменот за жртвите, туку и нѐ потсетува на силата и издржливоста на нашиот град и на сите негови граѓани. Press24
Секој 26 јули стоиме заедно, со мисли и срца полни со почит и незаборав кон оние кои ги загубивме во катастрофалниот земјотрес што го погоди нашиот главен град пред точно 62 години, објави на Фејсбук градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Press24