Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
222
34.22
33.81
76.00/15.59
222.00
61.14
0.28
19860.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 222
267 ■ 0.99/0.01 ■ 23 ■ 2754.1
Best clustering variants
267 0.99/0.01 23 2754.1
17:15 h 02-Jul-2025
  • Народот гледа дека оваа Влада се бори сето кое што го распродаде лесно и евтино претходната влада да го поврати, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека опозицијата „нема легитимитет ниту поддршка од народот“ да зборува за широк национален консензус за евроинтеграциите.
  • ◉ МИЦКОСКИ: Не бираат средства да ни стават нож во грб, мислејќи така ќе им се допаднат на тие што не и мислат добро на Македонија
16:50 h 30-Jun-2025
  • Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан, напиша премиерот Мицкоски.
  • Mицкоски: Ја истакнав цврстата определба на Владата за достоинствена интеграција во ЕУ
14:22 h
  • Еврокомесарката Марта Кос пристигна во Скопје и имаше средба со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
  • Еврокомесарката Марта Кос пристигна во Скопје
10:57 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Фариш – Дреново, делница долга 10,2 километри и вредна речиси 45 милиони евра.
  • „ДРЖАВАТА ВЕЌЕ НЕ Е БАНКОМАТ ЗА МОЌНИЦИ“ Мицкоски пушти нов пат во Пелагонија, инвестиција од 45 милиони евра
10:28 h
  • Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски се обрати на пуштањето во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп.
  • (ВИДЕО) Николоски од отворање на патот Дреново - Фариш до Прилеп: Го избравме најбрзиот и најбезбеден пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува час и 15 минути - Радио Лидер
06:16 h
  • Руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година ги промени перцепциите на ЕУ за нејзината политика на проширување, бидејќи најлошите геополитички и безбедносни ризици се материјализираа пред нејзиниот праг.
  • Кои се пречките на Западен Балкан за да биде успешна приказна на проширувањето на ЕУ?
05:07 h
  • Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и утре ќе ја посети нашата држава.
  • Комесарката Кос во земјава, лидерска средба ЕУ - Западен Балкан денеска и утре
Lider

Прашан за коментар на изјавата на лидерот на опозицијата Венко Филипче, дека нема политичка волја за напредок во евроинтеграциите, Мицкоски рече дека не би коментирал „егзибиции на опозицијата“ кои ги оцени како континуитет на нините предавства и порази од минатото.-Ние како Влада додека се бориме жестоко да ги повратиме позициите кои што тие ги оставија во минатото слободни и ги предадоа националните интереси на државата, тие гледате од зад грб се обидуваат дополнително да ни ставаат товар, но ние сме силни и ќе го издржиме сето тоа.

Мислам дека тоа е погрешна политика што ја води опозицијата, мислам дека политиката на свиткана кичма, на предавства, на лесно потпишување договори и слично не доведе до оваа ситуацијата во која што сме, а она што го прави оваа Влада и македонската дипломатија е да ги поврати изгубените позиции, но и на светот да му покаже во суштина што се крие позади сето она што порано беше кажувано како едноставна работа, само да се промени уставот и завршено е се, готово, мед и млеко ќе почне да тече по улиците, птиците ќе пејат, цвеќињата ќе растат и се ќе биде перфектно, а во суштина не е така, во суштина многу длабок е проблемот и ние само малку загребавме на површината и се излезе, така што може и светот и македонските граѓани да видат за што станува збор, изјави Мицкоски. Lider

Frontline

Комисијата натаму нагласува дека за користење на средствата од претфинансирањето таа му предложи на Оперативниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) инвестициски пакет од 87,7 милиони евра, при што се очекува тоа да мобилизира вкупно 487,3 милиони евра за осум нови инвестиции во чиста енергија во Албанија, Црна Гора и Србија.

Во соопштението се нагласува дека за понатамошно забрзување на постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ, покрај реформите преземени во рамките на Инструментот за реформи и раст, земјава, заедно со Албанија, Србија и Црна Гора, се приклучи кон Единствената евро платежна област (СЕПА), што го отвора патот за олеснување на финансиските трансфери во евра и ги намалува трошоците и времето за овие трансакции помеѓу граѓаните, бизнисите и други членки на СЕПА. Frontline

Lider

Билатерализација наместо стандарди – критика за критериумите на ЕУМуцунски дополнително потенцираше дека европскиот пат на Македонија сè почесто се одредува не според објективни критериуми, туку преку билатерални блокади, што, според него, е антиевропско однесување.„Нашиот напредок се почесто не се мери по објективните критериуми, туку е предмет на постојана билатерализација и услови кои немаат апсолутно никаква поврзаност со највисоките европски стандарди“, рече Муцунски, истакнувајќи дека Македонија е понекогаш и понапредна од некои членки на ЕУ во почитувањето на човековите права, особено во областа на малцинските права.

Тој ги повика европските лидери да замислат што би се случило доколку Македонија не ги имплементирала 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права – нешто што, како што рече, би предизвикало бурни реакции.„Не велам дека во оваа држава е сè идеално, напротив, има многу што треба да направиме, но тврдам дека по одредени прашања сме понапредни од некои ЕУ земји. Lider

Faktor

По неодамнешната објава на Македонска берза со која беше обзнането дека Владимир Пецовски купил акции од „Реплек“, на берза излезе најново соопштение во кое компанијата објавува дека претседателот на Управниот одбор, кој воедно е и генерален директор на компанијата, Душан Пецовски се стекнал со нови акции. согласно правилата за котација на Македонска бреза, Реплек објави соопштение со кое посочува дека генералниот директор купи 200 нови акции, со што сега има 12,29 проценти од вкупниот број на акции на компанијата. со над 5 отсто, Пецовски Душан воедно Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 200 нови акции, со што поседува вкупно 31.850 или 12,29 проценти од вкупниот број на акции – се посочува во соопштението.

Иако не е објавено по која цена генералниот директор ги купил акциите, податоците кои ги објавува берзата покажуваат дека на последниот ден на тргување просечната цена на акциите на компанијата достигнала 15.095,02 денари. Faktor

Vecer

Со пуштањето на експресниот пат Градско-Дреново во должина од 26 км го скратуваме времето на патување кон Прилеп, Битола, Ресен и чувствувам огромна радост и задоволство затоа што со заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и во присуство на бројни гости, пратеници, градоначалници, ја пуштивме во употреба делницата Фариш-Дреново, во должина од 10,2 км., истакна Коце Трајановски, директор на ЈП „Државни патишта“.„Вложивме натчовечки напори да ги совладаме препреките на кои наидовме затоа што проектот беше закочен.

Овој експресен пат започна да се гради далечната 2016 година и наместо да се заврши во предвидениот рок, во 2018 договорот со иведувачот Рубау бил раскинат, па потоа повторно започнат да се гради во 2021 со рок на изведба до 2023, но и тој рок бил одложуван за сега конечно да го завршиме она што некој друг не успеал со години да го заврши! Vecer

Puls24

Тој додаде дека денешниот самит е посветен на заедничката визија во која Западен Балкан повеќе не е чекалница, туку регион што се развива.„Ова визија нѐ води како Влада кон реформи и соработка, презедовме значајни чекори напред, од забрзување на протокот на граничните премини, приклучување на платежниот систем СЕПА… посветени сме на усогласување со европските стандарди, напори што се израз на нашата подготвеност за подлабока интеграција“, посочи Мицкоси.

Додаде дека заедничката сила лежи во единството и стабилноста:„Преку блиските врски со нашите соседи и ЕУ, ние отклучуваме нови пазари, нови работни места и нови пријателства, ги отстрануваме бариерите во трговијата и ги подобруваме инвестициите.“Премиерот истакна дека „нашиот брз пристап кон Планот за раст на ЕУ ја рефлектира довербата што ни е дадена.“Посочи дека кредибилитетот на Планот за раст и на поширокиот европски проект почива на одржување на ветувањето и на давањето резултати.„За да се осигурат стабилноста и еднаквоста треба да соработуваме како партнери, соседи и како регион во целина“, истакна Мицкоски повикувајќи на заедничка работа кон претворањето на Планот за раст во реалност.„Заедно може да изградиме посилен и подобро поврзан регион што е просперитетен, инклузивен и горд европски“, порача тој. Puls24

Kurir

Од Скопје до Прилеп ќе се патува за околу 1 час и 15 до 20 минути, а до Битола за час и 40-тина минути, истакна денеска во своето обраќање при пушањето на делницата Дреново – Фариш до Прилеп вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Владата претходно не помислила ако цела не карпа туку планина виси над патот, дека е возможно во дадени временски услови недај боже истата може да се сруши на патот и затоа на крајот од минатат година заедно со премиерот донесовме одлука да се реши тој проблем и еве го денес решен, ќе можете да го извозите овој пат и да видите дека таа планина не постои и тоа ќе е најлесниот и најбезбеден начин за комуникација, што ќе значи од Прилеп за Скопје ќе може да се доаѓа од некаде за за 1 час и 15 до 20 минути, од Скопје до Битола да се патува од некаде за 1 час и 40тина минути, а секако после реализацијата на проектот Прилеп-Битола каде што доста интензивно се работи, за многу многу пократко, истакна Николоски при пуштањето на овој дел од оваа делница. Kurir