Работа во услови на прекаријат, несигурни работни места, краткорочни договори или само хонорарни договори, непочитување на одредбите за годишен одмор, за работното време, неисплата на прекувремена работа или празнични дневници се уште се болни точки за новинарите и медиумите кои по дефиниција извршуваат работа од јавен интерес која е еден од столбовите за развој на едно демократско општество – велат од ССНМ.
Овој 1 Мај потсетуваме дека борбата за подобрување на условите за работа, зголемување на ниските плати, навремена исплата на платите и во јавниот и во приватниот сектор, е основа и оди рака под рака со борбата за слобода на изразување и слободно информирање на граѓаните. Novamakedonija
Дополнуваат дека токму главните параметри на кои постојано предупредува и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) придонеле за овој пад на индексот на слобода на медиумите.
Како најалармантно го сметаме финасирањето на медиумите, кое е нетранспарентно, недоволно и со одржливост која постојано се доведува во прашање, ги става новинарите и нивниот интегритет подложни на влијание од разни центри на моќ, дополнуваат од ССНМ. Libertas
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на падот на Македонија за шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година, нагласувајќи дека тоа е директен резултат на влошената медиумска средина и нерешените системски проблеми со кои се соочуваат новинарите во земјата. Novamakedonija
Во однос на безбедноста нотирани се низа заплашувања и закани кон новинарите, особено оние кои истражуваат сериозни злоупотреби, корупција и криминал, како и дека и покрај напредокот со кревање на свесноста кај институциите околу безбедноста на новинарите потребни се дополнителни подобрувања.
Затоа, ССНМ потсетува на наодите и потребните напори за подобрување на околината за работа на новинарите и медиумските работници, кои беа дел од Декларацијата објавена на почетокот на април, а која произлезе од „Мисијата за скрининг и застапување за работнички и професионални права на новинарите и медиумските работници“, а која ја предводеше генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Ентони Беланжер“, се вели во соопштението на ССНМ. Fokus
Сепак, од ССНМ посочуваат дека иако ВИ на голема врата влијае врз новинарството, се’ уште не се зема сериозно, бидејќи медиумската сфера се соочува со низа сериозни проблеми.
„Во медиумите работат околу 2.100 луѓе, распоредени на 3.146 работни позиции. Radiomof