Посетителите имаа можност да разгледаат лични предмети, фотографии и документи поврзани со животот на Глигоров, а преку мултимедијални содржини да се запознаат подетално со неговиот придонес во историјата на македонската државност.
Општина Штип и општинскиот Mултимедијален центар по повод роденденот на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров редовно организира отворен ден на Спомен-собата, меѓутоа и други придружни активности, кои што на некој начин се должна почит за одбележувањето на денот на раѓањето на еден од најмаркантните историски личности и фигури на 20 век за Македонија, но и пошироко. Kanal5
Тој посочи дека Спомен-собата на Киро Глигоров беше отворена благодарение на семејството Глигорови.
Центарот со одлука на Советот на Општина Штип во 2017 година го доби името на првиот претседател, а следната година, практично во 2018, благодарение на семејството Глигорови се отвори Спомен-собата, вели Панајотов. Netpress