Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. A1on
Во спроведени 73 вонредни инспекциски контроли на 30 април годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство им одреди казни во вредност од 8 350 евра на 14 месарници за кои било утврдено дека имаат недоследности во работењето, информираат од АХВ. 360stepeni
За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во месарниците, неводење записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени зидни и подни површини, немање на сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна, односно непоседување на сертификат за оваа законска обврска – издадени се 23 решенија за отстранување на пропустите, вели Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Освен решенија, 14-те месарници добиле и казни во вкупна вредност од 8350 евра. Sitel