Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што се одржа под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Македонската академија на науките и уметностите. Kanal5
Во мај 1945 година, како што посочи, македонскиот јазик станал признат и кодифициран и ние сме должни не само да го говориме, туку и да го чуваме и да го негуваме.
Љутков посочи дека со заложба на Владата и Министерството за култура и туризам востановен е Инспекторат за правилна употреба на македонскиот јазик. Kanal5