Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори.
Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов.
Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.