Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов.
Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.
Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост, да не речам момент на искреност, но верувам дека 30 години потоа, а особено ДУИ 20 години во власта треба да го почитува начелото на поделба на власта или партиите треба да се држат на страна Притисок врз судството и момент на слабост, е оценката на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во брифинг за „Слободен печат“ дека ќе излезе на улица и враќање нема додека не иницира предвремени парламентарни избори заедно со локланите, ако се покрене обвинение против ексминистерот Крешник Бектеши за трагедијата во Кочани.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.