Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација.
Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети. Civilmedia
„Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и Мој Термин, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст.“ За дел од ЈЗУ, КТ уредите се користат со полн капацитет, но половина од нив се целосно амортизирани, што води до зголемени трошоци за одржување и чести дефекти, како што е случајот со КТ уредот во болницата во Струмица кој не функционираше речиси цела 2024 година, стои во објавениот конечен ревизорски извештај од ДЗР.
Дополнително, новите КТ уреди, набавени за обезбедување на подобра територијална распределба на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а 2 КТ уреди во болниците во Тетово и Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми. Biznisvesti
Ваквата состојба се должи на нецелосно евидентирање на услугите од страна на ЈЗУ во Мој Термин како единствен национален систем за евиденции во здравството.
Во услови на невоспоставени листи на чекање за подолг период, отсуствуваат податоци за реалната побарувачка на услуги, а поради неусогласени евиденции за извршените услуги во ЈЗУ, Мој Термин и системот на Фондот, не може да се утврди ниту точниот број на извршени здравствени услуги, стои во извештајот од ДЗР. Civilmedia
На ниво на држава во јавното здравство обезбедени се вкупно 9 линеарни акцелератори за 4 ЈЗУ со вкупна набавна вредност од 21,8 милиони евра за вршење радиотераписки услуги за пациенти со малигни заболувања.
До денот на ревизијата 5 акцелератори не се ставени во употреба и тоа: – 2 на Клиниката за радиотерапија и онкологија, – 2 во Клиничките болници во Штип и Битола и – 1 во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, иако 3 од нив се инсталирани пред повеќе години. Fokus
Поради тоа, како што покажала ревизијата, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита.
Во досегашниот период поставените стратешки цели биле реализирани делумно, а набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ) , било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите. Civilmedia
Ревизијата меѓу другото констатирала потреба од подобрување на регулативата за доуредување на одредени прашања поврзани со користењето на медицинската опрема, како и зајакнување на капацитетите во институциите задолжени за следење и евидентирање на состојбата со опремата и за контрола и надзор.
За надминување на наведените состојби, соопштија од ДЗР, дадени се препораки за преземање мерки од надлежните институции, со цел отстранување на причините за утврдените состојби, подобрување на искористеноста на медицинската опрема и зголемување на достапноста до здравствените услуги од страна на граѓаните. Nezavisen
Со ревизијата била опфатенa современата медицинска опрема со најголема набавна вредност и со најизразена потреба и интерес за услугите со истата, како што се: компјутерска томографија (КТ), ангиографи, акцелератори, мамографија со томосинтеза и стереотакса, позитронско – емисиона томографија во комбинација со компјутерска томографија (ПЕТ/КТ) и апарат за роботска рехабилитација.
Во ревизијата биле анализирани и политиките и преземените активности за набавка, ставање во употреба и користење на медицинската опрема во периодот од 2021 година до 2023 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој временски опфат. Nezavisen
Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, се наведува во извештајот, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава. Civilmedia
Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години, утврдиле ревизорите.
Ревизијата меѓу другото констатирала потреба од подобрување на регулативата за доуредување на одредени прашања поврзани со користењето на медицинската опрема, како и зајакнување на капацитетите во институциите задолжени за следење и евидентирање на состојбата со опремата и за контрола и надзор. Nezavisen
Во извештајот се наведува дека Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра.
Во текот на тригодишниот период, реализирани се 6.457 снимања, со просек од околу 180 пациенти месечно. Nezavisen
Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми.
Во извештајот се наведува дека Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра. Nezavisen
Во текот на 2023 година, констатирале ревизорите, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра.
Овие мамографи, се додава, се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка. Nezavisen
Анализата на снабденоста со современа медицинска опрема по градови покажува дека во изминатите три години е постигнат напредок во обезбедувањето на регионална распределеност на новата опрема во јавното здравство, како и во зголемувањето на вкупниот број здравствени услуги, стои меѓу другото во извештајот.
Во делот за снабденост со современа медицинска опрема во јавното здравство, се подвлекува дека дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови. Nezavisen