Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница.
Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво. Libertas
Од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) попладнево го поздравија поминувањето на предлог-законското решение на Влада и изразија надеж дека овој закон ќе биде донесен од Собранието во најкраток рок.
„ЗЕЛС ја поздравува одлуката на Владата на РСМ за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, а особено делот кој се однесува на формирање на општинска комунална полиција Ова е долгогодишно барање на ЗЕЛС и се надеваме дека со овие измени, по донесување на овој Закон, општините ќе обезбедат многу подобри услуги кон своите граѓани“, информираа од ЗЕЛС. Netpress