Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот. Skopjeinfo