На 07.05.2025 година во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа 8-та Меѓународна научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21. век“ во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Во рамките на Конференцијата на тема ”Глобалната динамика и можностите за поттикнување на економскиот раст: преглед на состојбите во туризмот, економијата, бизнисот, културата и културното наследство” говорници беа проф.д-р Татјана Бошков, деканка на Факултетот за туризам и бизнис логистика, г-дин Зоран Љутков, министер за култура и туризам, проф.д-р Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии и м-р Драган Пехчевски, член на УО при Сојуз на стопански комори на Македонија.