Мислам дека ветото и натаму ќе предизвика проблеми, нема да останеме осамен случај и дека на некој начин треба она што е во рамки на Копенхагеншките критеиуми да си го бараме местото, нагласи таа и додаде дека во целиот тој контекст мошне важни се и добрососедските односи.
Милановиќ, кој како што напомена е во прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата на претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека не е тука за, како што рече, да дели совети, но нагласи дека државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. -Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас...вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Kanal5