Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото каење на обвинетиот, и тоа што признал вина.
Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.