Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Civilmedia
Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, истакна на денешната прес-конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Меѓу мерките кои за кои се размислува доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи се ограничување на маржата, но, како што рече, може и да се покачи процентот на маржата. Nezavisen
Тој истакна дека инспекторите на крајот од тековниот месец ќе направат Извештај кој ќе го достават до Владата и министерството за економија и труд.
Врз основа на него ако има како што вели дивијантно однесување на трговците и енормно зголемување на цените на производи, без финансиско оправдување од страна на трговците, дистрибутерите или производителите ќе се донесат поригорозни мерки во наредниот период. Novamakedonija
Месецов нема да има нови мерки од страна на надлежните за заштита на стандардот на граѓаните, цените на основните прехрамбени прозиводи во моментов се стабилни, инспекторите се на терен уверува министерот за економија и труд Бесат Дурмиши. Kanal5