Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на Е, Каја Калас, престојуваше во еднодневна посета на Лавов, каде што учествуваше на Министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за злосторствa против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Муцунски беше единствениот министер од Западен Балкан присутен на настаните. Nezavisen
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на ЕУ Каја Калас, престојуваше во еднодневна посета на Лавов, каде учествуваше на Министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за кривични дела од агресијата против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Муцунски, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил единствениот министер од Западен Балкан присутен на настаните.
На состаноците била потврдена поддршката за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и за иницијативата за воспоставување правна одговорност за актите на агресија. Denesen