Продолжува еко акцијата „Генералка викенд“, која има за цел подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина.
Со чистење на околината на Скопскиот аквадукт во кое ќе се вклучат 200 волонтери денеска официјално почнува еко акцијата „Генералка викенд“, единствен масовен еколошки настан, не само во земјава, туку и на целиот Западен Балкан, во организација на „Мен енд Маунтен“ во соработка со Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал.