Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава. Sitel
Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.
Овој прекин во непријателствата би можел да послужи како клучен чекор кон намалување на страдањето на цивилите и да овозможи простор за значајни разговори за вистински мир со цел да се стави крај на агресивната војна на Русија и да се воспостави сеопфатен, праведен и траен мир се наведува во изјавата. Press24