Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници.
Како што известија од локалната сампуправа, изминатата сабота сите вработени од општината беа вклучени на генерално чистење на целата територија на општината.
Во текот на вчерашниот ден секторот за екологија изврши темелно расчистување на тревниците од сува трева, искршени гранки, пластики, камења и друг отпаден материјал како и чистење на собирните и станбените улици од насобраниот смет покрај рабниците на тротоарите.
Ова темелно чистење во текот на вчерашниот ден беше спроведено во Карпош 3, денеска екипите го расчистуваат Карпош 4, а во текот на утрешниот ден оваа активност ќе се спроведе на територијата на Карпош 1 и Карпош 2. Ги повикуваме граѓаните максимално да придонесат кон подобрување на хигиената особено на тревните површини. Biznisvesti
Заедно со вработените во општината, Црвен крст, Ротари Арт, Сојузот на борци и многу волонтери излеговме на терен и собравме над 147 вреќи отпад – хартија, пластика, лименки.
ЈП Комунална Хигиена и ЈП Паркови и Зеленило со години се однесуваат како Карпош да е заложник на нивната неработа! Faktor
Печатените материјали и информативното видео ќе бидат достапни и употребливи за учениците од сите основни училишта во Карпош кои во рамки на образовната настава ќе се едуцираат, како најсоодветно да се однесуваат и притоа да ги вклучат своите соученици со попреченост во инклузивниот процес.
Во таа насока, Општина Карпош финансиски ги покри трошоците за изработка на печатените материјали и информативното видео. Nezavisen
Граѓаните плаќаат редовно – над 85% наплата секој месец, а контејнерите се прелеваат, улиците се нечисти, зеленилото запуштено!
Дали има смисла вака да продолжиме? Faktor
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив.
„Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив.
Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.
Откако на 12 мај 2025 година крилото на АА и нејзиниот лидер Арбен Таравари донеоа одлука за излегување од Владата на Република Македонија, веднаш потоа Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од Вреди, се огласи со жестока реакција преку својот фејсбук-профил.
„Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија.
Од Социјалдемократскиот сојуз се огласија по повод одлуката Алијанса на Албанците крилото на Арбен Таравари да ја напушти владата, по вчерашниот состанок на партијата.
Денеска треба да биде објавена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.