Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со претставници на Европскиот парламент, на Европската комисија и на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ГД ЕНЕСТ). Според најавите, на средбите на Муртезани со неговите домаќини ќе се разговара за тековниот статус на евроинтегративниот процес на земјава, за напредокот во имплементацијата на Реформската агенда, како и за активностите поврзани со Планот за раст на Европската комисија за Западниот Балкан. Nezavisen
Клучните аспекти од пристапниот процес, вклучително и имплементацијата на Реформската агенда, уставните измени, текот на подготовките за отворањето на преговорите по кластери, како и значењето на меѓуинституционалниот и меѓупартиски консензус за успешно справување со реформските приоритети, беа главни теми на денешната средба во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со известувач на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеникот Томас Вајц.
Европратеникот Вајц ја реафирмирал својата лична и институционална посветеност на поддршката на земјава на европскиот пат и ја поздравил нејзината конструктивната улога во регионалната соработка и вклученост во европските иницијативи. Kanal5
Во контекст на актуелните политички и регионални предизвици, Муртезани ја потенцирал подготвеноста на Владата за интензивирање на реформскиот процес, како и за одржување на отворен и инклузивен дијалог во земјата, со цел градење поширока поддршка за реализација на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија.
Муртезани и Вајц, исто така, ја реафирмирале заемната подготвеност за продолжување на интензивната комуникација и за координирани активности кои ќе придонесат за понатамошен напредок во пристапниот процес во духот на заемно разбирање, доверба и европска солидарност. Nezavisen