Во продолжение интегрален текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Почитувани членови на „Македонија 2025“, Почитувани припадници на македонската дијаспора, Почитувани гости, Дами и господа, Оваа церемонија е во пресрет на почетокот на традиционалниот самит „Македонија 2025“ на којшто ќе дебатираат премиерот, министри, еминентни бизнисмени, експерти, претставници на државни органи и на институциите, членови на академската заедница, со цел да споделат знаења, видувања, искуства и вештини, како и да промовираат идеи и визии.