Главната цел на Зелениот катастар е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото.
Покрај Зелениот катастар стратешки документи за обезбедување долгорочна визија и цел за развој на зеленилото на локално ниво се Стратегија за развој на зеленилото; Основен план за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција на зеленилото на подрачјето на општината или на градот Скопје за период од три до пет години; Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото. Kanal5
Зелениот катастар е попис на урбаното зеленило и претставува основа за изработка и следење на спроведувањето на Стратегијата за развој на зеленилото, Основниот план за подигање и развој на зеленилото и Годишната оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото.
Со Зелениот катастар се врши евидентирање на површината на урбаното зеленило според намената и типот, локацијата и карактеристиките на секое одделно дрво и грмушка што се засадени на овие зелени површини. Nezavisen