Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека науката е од исклучително значење и претставува еден од темелите на државноста, поради што буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со 2024 година.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе ја поддржи науката и дали има план за тоа, појасни дека за Владата науката е многу важна и е еден од столбовите на државноста, затоа за оваа година споредено со 2024 година за двојно е зголемен Буџетот за науката, и проектите коишто се дел од науката.