„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во Собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е првпат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на еднa неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни“ пишува меѓудругото на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешниот инцидент во Собранието со лидерот на Левица – Димитар Апасиев.
Инцидент во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски.