Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. Alsat
На првиот Самит во Чешка во дискусијата доминираа прашања поврзани со мирот, безбедноста и енергијата како резултат на војната во Украина, на вториот во Молдавија лидерите се фокусираа на напорите за мир и безбедност, како и на енергетската отпорност, поврзаност и мобилност во Европа, на третиот состанок во Шпанија фокусот беше на обезбедување на поотпорна, просперитетна и геостратешка на Европа, на четвртиот во Велка Британија дијалогот се водеше за одбраната, заштитата на демократијата, за миграцијата, енергијата и за поврзаноста, додека на петтиот Самит во Унгарија лидерите разговараа за безбедносните предизвици на Европа, илегалната миграција, економската безбедност, поврзаноста и односите меѓу ЕУ и САД.
Следниот Самит на Европската политичка заедница ќе се одржи во Данска во текот на претстојната есен. Plusinfo
Кошта и Рама натаму посочуваат дека надоградувајќи се на напредокот од претходните самити, Самитот во Тирана ќе обезбеди клучна платформа за подобрување на дијалогот и продлабочување на соработката, со цел претворање на заедничките предизвици во можности за унапредување на заедничките цели.
На Самитот на ЕПЦ во Тирана е најавено присуство на 47 шефови на држави или влади од Европа. Plusinfo