Претседателката Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер, министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто беа потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телекомуникациите, банкарството, културата, образованието и други области.
Претседателката, напоменувајќи дека во последните две децении Австрија е најголемиот странски инвеститор, со над 50 компании во државава, укажа на потенцијалот за продлабочување на економската соработка, особено во областа на обновливите извори на енергија, во инфраструктурата и во образованието.