Овој преседан, според Судот, има значајни правни импликации врз неговото понатамошно постапување.
Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија. Nezavisen
Се одложува подготвителната седница по предметот во врска со Законот за употреба на јазиците која беше закажана за 19 јуни годинава.
Ова е исходот од денешниот состанок на членовите на Уставниот суд кој, пак, е резултат на пресудата на Управниот суд со која се поништи одлуката на Собранието за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка. Libertas
Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд.
Според пресудата, во конкретниот случај, Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно разгледување на сите предложени кандидати. Mms
Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Nezavisen