И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина“, порача премиерот, истакнувајќи дека оваа борба е заедничка и дека секоја жена е дел од тој процес.
Мицкоски упати благодарност до претседателката Жаклина Пешевска и сите членки на Унијата на жени, нагласувајќи дека нивната посветеност, активност и ангажман се темел на политиките што се стремат кон подобра иднина за државата. Skopjeinfo
На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени. Skopjeinfo