Судот наоѓа дека со ваквиот начин на гласање на членовите на Советот, односно со не гласање по останатите два предлози оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можност за реална подршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можност да имаат ист третман и еднакви можности при изборот иако претходно сите три кандидати биле подржани од членовите на Советот, што влијае врз законитоста и транспарентноста на постапката со оглед дека предлог избор не е донесен врз основа на целосно разгледување и гласање по сите предлози, туку по хронолошки редослед на изнесените предлози, поточно само по првиот предлог, со што е повредено не само начело на еднаквост туку и начело на мерит системот со оглед дека се оневозможува реална и објективна споредба на квалитетите, резултатите и придонесот на кандидатите во развојот на правната мисла и систем, во смисла на исполнетост на условите од член 98 од Законот за судски совет со што се дерогира законската обврска за еднаков, меритократски и транспарентен пристап во постапката, што е спротивно и на темелните уставни принципи на еднаквост и отчетност при вршење на јавна функција, стои во пресудата. Libertas